Премиерот Зоран Заев заедно со целата Влада одржа прес конференција на која ги претстави реформите и новините што неговата Влада ги спровела во изминатата една година. Тој најави дека на веб страницата на Владата ќе биде објавен документ за сработеното како „365 промени за 365 дена“.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=YoSXk2mKhi8[/embedyt]

-Во името на граѓаните се вложивме да направиме промени. Зад нас е една година промени, со кои Македонија ја градиме како земја за сите граѓани,. Македонија се менува секој ден кон подобро,  рече Заев, и притоа неведе дел од реформите во сите сегменти:

-економски раст и раст на плати

-коренити и брзи промени за градење држава по европски правила

– услуги за секој граѓанин

-Македонија како едно општество, едно семејство за сите,

-НАТО и ЕУ, решаваме спорови и притоа јакнење идентитетот.

Како една од обележјата на оваа влада, Заев ја истакна нејзината отвореност, како Влада која не крие ништо и поддршка на слободата на медиумите.

Во однос на судстото, Заев рече дека е започната темелна реформа за враќање на вербата во институциите, за правна сигурност и заштита на правата и слободите на граѓните.

Како придобика од една година владеење тој рече дека е и професионализација на јавната адинистрација како сервис на граѓаните

Во однос на реформите во полицијата, Заев истакна дека е воведен независен механизам за контрола на полицијата, со што се враќа вербата во полицијата, а со тоа завршува полициската држава што беше во претходниот режим.

За реформите во образованието, Заев ја спомена Стратегијата образование, која го трансформира во образование без притисок -нема екстерно тестирање, ревидирана е Кембриџ програмата, ќе има помалку предмети и помалку часови и нов закон за високо образование.

Тој исто така го истакна и затворањето на прашањето со стечајците, по 20 години, со закон со кој се обезбедува решавање на животното прашање на 5.000 стечајци.

-Она со што се гордееме е промената за едно општество за сите, каде сите каде сите се граѓани од прв ред. Завршија политиките што поттикнуваа поделби, рече Заев.

Тој се осврна и на законот за употреба на јазиците, со кој како што рече не само што се обезбедува соодветна употреба на македонскиот јазик, туку се обезбедува и правична употреба на јазиците на остатите заедници во земјата.

Во однос на политиката кон соседите, тој рече дека Македонија конечно има одлични односи со сите 5 соседи, и притоа го истакна Договорот со Бугарија и тековните преговири со Грција за решавање на спорот.

-Никогаш не сме биле поблиску до решение, а пријателствто никогаш не било поблиску. Јазикот и идентитетот се потврдени, потребно е лидерство, а не само празни зборови, рече Заев и ги повика граќаните да дадат поддршка.

-На граѓаните им претстои да испишат ново поглавје – ни треба Четврти Илинден, рече Заев.

Извор:НоваТВ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here