Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денес ги критикуваше европските земји за забраната на митинзите на АК-партијата, додека во исто време им дозволуваа на терористите да присуствуваат на митинзи низ европските плоштади. Ердоган изјави дека БиХ доволно и покажа на Европа.
Ердоган се обрати пред собраните граѓани на градскиот плоштад во источниот турски град Ерзурум, и во таа прилика се осврнал на тековните настани.
– Земји кои им дозволуваат на терористите ПКК, ЈПГ, ПИД, ХДП да одржат митинзи низ европските плоштади, а тоа не му го дозволуваат на АК партија ги затвораат салите. Без разлика дали го сакавте тоа или не, Босна и Херцеговина ви покажа доволно. Сега сме во Ерзурум, тоа ви е доволно- рече Ердоган.
Потсетувајќи дека Турција на 24.јуни оди на парламентарни и претседателски избори, Ердоган истакнал дека сега е време за единство, време за Турција. Тој додаде дека одредени каматни лобии се обидуваат да извршат притисок врз Турција, напоменувајќи дека таквите напори ќе бидат залудни.
Ердоган, исто така, се осврна на успешната борба на Турција против тероризмот и истакна дека никој не треба да игра со Турција, во спротивно, како терористите, ќе мора да бараат дупка за криење.
– Знаеме што направивме со терористичките организации. Нека никој не си игра со нас. Оние кои играат со нас, како и терористите ПКК, ПИН, ИСИС и ФЕТО, сите ќе мора да бара дупка за да се скријат “, рече Ердоган.
Тој, исто така, додаде дека во сирискиот град Африн, досега 4.455 терористи се неутрализирани, 414 во северен Ирак, а 398 терористи бил неутрализирани во рамките на турските граници.










