Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, на која премиерот Зоран Заев ќе ги информира претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на партиите за деталите од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и за можноста да се даде шанса за евентуално решение што би било прифатливо за двете страни.
На средбата присуствуваат претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
На средбата се присутни и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Пред Клубот на пратеници во исто време мала група луѓе протестираат против преговорите за промена на името на Макеоднија.
Последниот предлог за решавање на спорот за името е „Република Илинденска Македонија“.
Премиерот Заев вчера не сакаше да го коментира предлогот, за како што рече да им се даде шанса на преговорите, а Мицкоски кажа дека ставот за последниот предлог ќе го каже по завршување на лидерската средба.
Извор:НоваТВ









