Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денес остро го критикуваше отвореното писмо на француските интелектуалци, кои бараа некои делови од Кур`анот да се сменат или исфрлат. Меѓу потписниците на писмото се поранешниот француски претседател Никола Саркози, поранешниот премиер Мануел Валс и други.
“Кои сте вие да ги напаѓате нашите свети места?” Ние знаеме колку сте зли. Дали некогаш ја прочитале Библијата? Или Тората? Ако ги прочитале, веројатно ќе побараа и Библијата да биде забранета “, изјавил турскиот претседател.
Ердоган, исто така, предупреди на ширењето на исламофобијата, ксенофобијата, расизмот и антитурските чувства на Западот, објави АФП.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)










