Во текот на последните две децении, Иран драматично се промени и стана научна велесила која драматично ја зголемува својата продуктивност надминувајќи го израелскиот режим во однос на научното истражување и производство.
Оваа вест не беше објавена од страна на Иранската Fars News или Press TV, не намалјувајќи го професионализмот на иранските медиуми, туку истата анализа беше објавена од страна на израелскиот дневен весник Хаарец, кој исто така коментираше за обидите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да “докаже” дека Иран сé уште работи на нуклеарно оружје .
“Меѓутоа, во една област, Иран го надмина Израел, и тоа со голема разлика. Во изминатите две децении, Иран инвестираше многу за да постане научна суперсила експоненцијално го зголеми развојот и продуктивноста на истражувањето, оставајќи го Израел далеку зад себе и во поглед на научното истражување и производство “, објавил израелскиот весник.
Хаарец, исто така, објаснува дека во 1996 година, Иран објавил само 960 научни трудови и околу 10.000 Израел. Оттогаш, бројот на објавени трудови од ирански научници се искачи на 41.000 годишно, иако Израел продолжува да ги објавува повеќето научни трудови во регионот.
Секоја година, академскиот истражувачки портал Scopus ги каталогизира академските документи од целиот свет, а потоа ја објавува класификацијата врз основа на резултатите.
Од 2013 година, Иран е најголемиот светски истражувачки провајдер во светот.
Хаарец објективно изјави дека “додека Иран постигна значаен научен напредок во последниве години, и покрај тешките меѓународни санкции, што го прави успехот на Иран уште повеќе изненадувачки”.
Покрај тоа, израелскиот весник вели дека ако Исламската Република успее да се пробие во светската економија, иранската научна индустрија е уште повеќе че напредува.
Да додадеме дека моќта на Иран се зголеми дури и во полето на одбраната. Неодамнешното истражување спроведено од Global Firepower покажува зголемување на воената моќ на Иран, додека според анализите, воената моќ на Израел и Саудиска Арабија падна оваа година.
На Блискиот Исток, прва армија е Турската, потоа следува Египет и Иран се искачи на третото место. Израел е на четвртото место, а Саудиска Арабија е на петтото место. Истражувањето, исто така, наведува дека само Иран и Ирак имаат се подобри вооружени сили, додека на сите други земји на Блискиот Исток тие се во опаѓање.
Извор:Global Firepower








