Уапсен Албанец заради шверц на 613 килограми кокаин

by Administrator

Албанската полиција денеска објави дека албански бизнисмен, обвинет за вмешаност на шверц на 613 килограми кокаин, уапсен  ево Германија.

Арбер Чекај, сопственик на компанијата Arbi Garden, во чија сопственост е контејнерот со кокаин, кој беше откриен и запленет во Германија во февруари, бил уапсен во близина на Дизелдорф, се вели во соопштението.

Кокаинот пристигнал во Албанија во товар со банани од Колумбија, преку Италија и Малта, при што тогаш биле упасени две лица.

Полицијата ја проценува вредноста на запленетиот кокаин на 180 милиони евра.

Извор:cdm

You may also like

Leave a Comment