Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспектора утринава упаднале во еден скопски хотел каде што граѓани биле повикани на бесплатен здравствен преглед, од како што им било соопштено, Светската здравствена организација, дознава НОВА.  Во моментот кога влегле инспекторите, тие ја прекинале презенатација на фирма од Белград која промовирала апарат за квантна медицина, а после тоа, требало да следува и бесплатен здравствен преглед на апаратот.

Инспекторите отишле таму по јавување од граѓани кои тврделе дека биле вознемирувани и повикувани по телефон да дојдат на бесплатен здравствен преглед. Од каде ги добиле нивните телефонски броеви и податоците за нивната здравствена состојба не им било објаснето.

“Нашите инспектори влегоа во моментот додека се вршела презентацијата и не го затекнале моментот кога требало да се врши преглед. Влеговме во 10 часот додека беше првата група, а втората била закажана за 13 часот. Станува збор за белградска фирма која имала фирма ќерка во Скопје. По прегледите пацинетите добивале белешки за нивната здравствена состојба. Во тек е земање на податоци и прекинати се “обуките“ по интервенција на ДСЗИ“, изјави за НОВА, Ирина Бухова директорка на ДСЗИ.

Директорката Бухова тврди дека здравствени прегледи не смеат да се вршат во хотел и тоа на пациенти кои биле повикувани по телефон. Особено е важно да се утврди од каде ги добиле податоците за пациентите и нивната здравствена состојба.

Од фирмата тврделе податоците на граѓаните ги добиле од базата на податоци од други фирми кои ги имале евидентирано граѓаните кои порачувале разни кремови и други производи. Но, дел од повиканите тврделе дека никогаш не порачувале ништо.

Според информации на НОВА, еден од граѓаните кој бил повикан и вознемируван имал неколку стентови во срцето и повикот го сфатил сериозно бидејќи му кажале дека испитувањата ги прави СЗО. Како тоа ќе се рефлектирало на неговата здравствена состојба и дали би имало штетни последици, никој не знае да каже.

„Квантната медицина влегува во делот на комплементрната медицина но за тоа треба дозвола од Министерството за здравство и постојат стандарди кои треба да бидат исполнети. Не може во хотел да се врши обука и дијагностика на пациенти повикани по телефон. Посебно е важно да се утврди од каде дошле до нивните лични податци“, изјави Бухова, за НОВА.

Нема сознанија дали ќе биде покрената и пријава за лажно преставување и манипулација на граѓаните со што се злоупотребува и компромитира Светската здравствена организација. Не се знае дали и полицијата ќе го превземе случајот во свои раце и дали станува збор за иста фирма која често врши презентација и на други производи, при тоа нудејќи им ручек на луѓето, за да купат некои од тие производи.

 Извор:НоваТВ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here