Газа – Израелското воено воздухопловство објавиви дека вчера го бомбардирале главното пристаниште во појасот Газа, а палестинските лидери соопштија дека во нападот биле користени беспилотни летала, кои оштетиле два брода, при што немало настрадани.

Ова би можело да биде прв воздушен напад на израелската авијација во таа област од војната на Израел и палестинските единици во 2014 година.

Израелската армија објави дека нејзиното воздухопловство “погодило шест воени цели на поморските сили на  организација Хамас во Појасот Газа”.

Во изјавата не е наведено каде се случил нападот.

Очевидци изјавија дека два брода биле значително оштетени во бомбашкиот напад и дека безбедносните сили на Хамас ги спречиле новинарите да дојдат на местото на настанот.

Истиот ден тројца Палестинци беа убиени во престрелка со израелски војници во Појасот Газа по должината на израелската граница, каде на 30.март започна масовното протестирање, под насловот “Големиот марш за враќање”

Извор:Nezavisne.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here