Косовската царина сега има своја експозитура во пристаништето Драч во Албанија, која, според албанскиот премиер Еди Рама, е “прв чекор” за создавање на царинска унија помеѓу Приштина и Тирана.
Албанскиот премиер Еди Рама рече изјави пристаништето Драч нема да биде само царина на Албанија, туку и Косовска царина, пренесуваат приштинските медиуми.
“Косовската царина тука во Драч е првиот чекор кон целосната царинска унија на двете земји. Интеграција на границите по Шенген моделот. Шенгенскиот систем, што значи дека ќе имаме контрола во една точка.Некое време ќе трае како процедура, бидејќи на пролет ќе имаме проточна граница”, изјавил Рама на церемонијата во пристаништето во Драч.
Рама изјавил дека Албанија има намера да има слични видови на царински системи со други земји.
“Сакаме овој систем да се воспостави со Македонија и со Црна Гора. Голема Албанија е приказна за непријателите, нема “голема Албанија”, постои албански народ “, изјавил Рама.
Косовскиот премиер Фатмир Лимај, кој исто така е национален координатор за спроведување на договорот на двете влади, рече дека отворањето на косовската царинска точка во пристаништето Драч, претставува втор најважен проект по автопатот.
“Денес е важен момент за продлабочување на соработката. Мислам дека ова е втор најважен проект од прогласувањето независност по изградбата на автопатот.
Од четирите одлуки што ги имаме на седницата на двете влади во Пеќ, ова е втората што се спроведува. Првата е заедничка гранична точка, другата е оваа. Отсега натаму, Косово има свое пристаниште, како важен центар за економски развој “, изјавил Лимај на истата церемонија во Драч.
Извор:cdm