Американскиот носач на авиони Хари Труман вплови во Медитеранот

by Administrator

Американскиот носач на авиони Хари Труман влегол во Медитеранот откако го преминал Гибралтарскиот теснец,пренесува Navy.mil.

Командантот на носачот, капетанотот Николас Диена, изјавил дека е горд на професионалната вештина на екипажот прикажана при поминување низ една од најпрометните поморски патишта во светот.

Покрај носачот Хари Труман од Атлантскиот океан, во Медитеранот впловија и крстосувачот Нормандија и разорувачот Форест Шерман.

“Влегувањето во западниот Медитеран ја зајакнува нашата способност да ги поддржиме националните и регионалните мисии во зоните на одговорност на Шестата флота”, додал Диена.

“Ова вклучува соработка со нашите сојузници од НАТО, како и со европски и африкански партнери, со цел да се одржи вистинското присуство кога и каде е потребно”, изјавил команданот на носачот на авиони.

Извор:cdm

You may also like

Leave a Comment