Едно лице е убиено, а едно повредено во вооружен инцидент што попладнево се случил во тетовското село Мала Речица.

Денеска околу 18 часот било пријавено пукање од огнено оружје во село Мала Речица.На местото на инцидентот пронајдени се чаури и траги од крв.

Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.

Приведени се две лица во врска со инцидентот.

Инцидентот се случил во близина на „Шпар маркет“ во Мала Речица, каде полицијата веќе го блокирала пристапот и работи на расветлување на случајот.

– Ние како политичка партија немаме и не можеме да имаме одговорност за евентуалните инциденти кои не се поврзани со Демократската Унија за Интеграција – соопштија од ДУИ, откако се појавија шпекулации за нивна поврзаност со инцидентот.

Од Основното јавно обвинителство велат дека причините за настанатата престрелка во моментов се непознати.

– Во организирана акција на обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода.

Дејствијата на Основното јавно обвинителство Тетово продолжуваат во континуитет се до целосно расветлување на настанот – соопштуваат од ОЈО.

Извор:НоваТВ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here