„Единствена Македонија“ на Јанко Бачев денеска пред Амбасадата на Русија во Скопје одржа протест на кој присутни беа околу стотина граѓани.
На протестот, пред насобраните граѓани се обрати и Олег Шчербак рускиот амбасадор во Македонија, кој се заблагодари за покажаната поддршка поради протераниот дипломат.
Поддржувачите на „Единствена Македонија“ скандираат „Русија Русија“ и покажуваат револт од владините одлуки.
Амбасадата на Русија, на Твитер објави фотографија од протестот.
Извор:НоваТВ








