Премиерот Зоран Заев на денешната средба со Дарко Каевски директорот на Агенцијата за млади и спорт му посочил да се побара одговорност од сите учесници , но и да се спроведат јасни протоколи за грешката со книгата поезија никогаш да не повтори.

Премиерот го охрабрил директорот целосно да се расветли случајот со збирката контраверзната збирка „Млади поети“.

– Јас како градоначалник имав помагано финансирање на книги. Јас и како комерцијален директор имам помагано финансирање на книги и издавање. Не сум ги читал сите тие книги и сите тие детали внатре. И од таа причина не сум човек кој веднаш разрешува луѓе – вели Заев.

Како што информираа од владината прес служба, на средбата бил осуден говорот на омраза и дискриминацијата која е идентификувана во дел од збирката.

 Извор:НоваТВ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here