Амди Бајрам побара Ром – советник во Кабинетот на Заев

by Administrator

Пратеникот Амди Бајрам од собраниската седница на која се поставуваат пратенички прашања го праша премиерот Заев дали се размислува да има Ром советник во неговиот Кабинет.

-Не е важно кој ќе биде, важно е да биде образуван, а такви Роми има, рече пратеникот Амди Бајрам.

Премиерот Заев одговори дека во текот на април ќе објави оглас за вработување на посебен советник за ромски прашања.

-Сега завршува огласот за 4-5 советници. Мое право е кого ќе изберам. Верувам дека Ромите ќе бидат мотивирани да се пријават на огласот, бидејќи сметам дека советник за ромски прашања треба да биде Ром, одговори Заев.

Слично прашање  Бајрамму постави и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој праша зошто на конкурсите што ги објавува МВР не се вработуваат Роми.

Спасовски рече дека е распишан конкурс за вработување на 500 нови полицајци кои наскоро ја завршуваат обуката и сите тестови и дека од нив ќе бидат вработени полицајци од сите етнички групи. Тој призна дека ромската заедница неправдено била запоставена изминатите години, истакнувајќи дека речиси да нема Роми – полицајци. Спасовски исто така рече дека се анализираат пропустите откриени во претходните конкурси.

Извор:НоваТВ

You may also like

Leave a Comment