Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март организираше конференција под мотото „За сите жени во Македонија“ на која се обрати претседателката на Унијата Даниела Рангелова и лидерот на партијата Христијан Мицоски.

– Нашата земја низ нејзината историја е изградена од силни жени кои активно учествувале во сите подеми и падови, и тие ќе продолжат да уриваат бариери и поразуваат предрасуди. Предизвикот е поголем, бидејќи ова е сложениот Балкан каде ѕидовите на поделби и препреки се преголеми, но сепак не и неуништливи. Затоа мотивот треба да биде и поголем, затоа што ние мора конечно да дебатираме за работите кои ќе не носат напред, да донесеме прогрес кој толку насушно и треба на нашата држава и да создадеме иднина, порача Мицкоски.

Тој на конференцијата се осврна и на актуелните политички теми посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е огромен брод кој плови низ немирно море чија стабилност, рече, полека, но сигурно доаѓа и ќе заплови кон проектираната цел.

Претседателската на Унијата на жени Рангелова побара од Владата да нема реваншизам, туку реформи.

Извор:НоваТВ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here