Иран денес ја повика Турција да ја стопира офанзивата во северна Сирија, истакнувајќи дека таа го нарушува суверенитетот на Сирија и ги зголемува тензиите во воено зафатената земја, објави Ројтерс.
Турција треба да ја сопре операцијата и да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија. Оваа операција ја враќа несигурноста, нестабилноста и тероризмот во Сирија – изјавил портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Касеми, агенцијата на ИРНА.
Тој изразил став дека сириската криза треба да се реши политички, и дека Иран веќе долго време разговара со Русија и Турција за да подтикне мирно решение.
Иран и Русија го поддржуваат сирискиот режим додека Турција е на страната на опозицијата.
Izvor:(Vijesti/ ФЕНА)









