Катар одлучи да ја прошири базата на воздухопловни сили на Ал-Удеид, која ја користат американските сили. Исто така министерството за одбрана потврди дека ќе бидат додадени 200 места за сместување, со што американските војници во Катар би се  “чувствувале како дома”.

Покрај тоа, Катар ги надгради и своите поморски пристаништа, со што американската морнарица, исто така, би можела да го зголеми своето присуство со речиси 10.000 американски војници лоцирани во областа на базата Ал-Удеид во близина на Доха.

Секако, Катар го подготвува сето ова со јасна и практична цел – логиката им вели дека големото американско воено присуство служи како безбедност против потенцијален саудиски напад. Но, како “резерва” Катар во последните месеци отвори започна да отвара простор и за турската војска која тука пристигнала во екот на заливската криза.

Извор:Advance

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here