27 Авганистанци го напуштија Скопје и заминаа за Даблин

by Administrator

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Македонија изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните семејства заминаа за Даблин, Република Ирска, како нивно трајно одредиште, информираа од Владата.

Станува збор за граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни невладини организации во Авганистан и биле под закана на новиот талибански режим во земјата, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

-Во моментов во земјава престојуваат 442 граѓани од Авганистан, жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти. Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација, се додава во владиното соопштение.


Nova Tv

You may also like