10 тона помош за Македонија од ОАЕ

by Administrator

Денеска на скопскиот аеродром слета авион со 10 тони хуманитарна помош од Обединетите Арапски Емирати за борбата против коронавирусот. Македонија доби скоро 1500 пакети медицинска опрема за заштита на медицинскиот персонал.

Вредноста на помошта е повеќе од 1,5 милиони евра. Помошта е во рамките на програмата на Емират еид (ЕMIRATES AID – COVID19 GLOBAL RESPONSE) под покровителство на Шеикот престолонаследник и заменик врховен командант на вооружените сили на ОАЕ, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, принцот на Абу Даби.

Помошта е доделена од страна на одделот за меѓународна помош на Министерството за надворешни работи на ОАЕ, според насоките на Шеик Абдула Бин Зајед Ал Нахјан, министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на ОАЕ.

Lider / WAM

You may also like