Ќе се укинуваат цели институции, а ќе се зајакнуваат Ревизија и Антикорупциска!

by Administrator

Систематско решавање на недостатоците во функционирањето на институциите во однос на организацијата, оптимизација и рационализација на нивната работа и борба против корупцијата, ветува вицепремиерот Љупчо Николовски. Тој најави суштинска анализа која треба да покаже кои институции или тела се непотребни, кои можат да се спојат и кои треба да бидат зајакнати и помогнати од Владата.

Некои институции немаат капацитет или законски механизми да постапуваат во случај на сомневање за прекршување од страна на службени лица. Пример за тоа се извештаите на Државниот завод за ревизија кои никој не ги зема во предвид. Приоритет ќе биде и законското решение за контрола на имотот на службените лица. Под лупа ќе одат и разгледани бенефиции и луксузот на претставниците на централната власт, пратениците и директорите на разни институции.

Сепак, Николовски не може да каже колку време ќе биде потребно за овие промени, но во коалицијата имало согласност за нив.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=11yBwEQt1CQ[/embedyt]

Alsat-M

You may also like