Холандија: Запален тест центар за Ковид-19

by Administrator

Тест центарот за ковид-19 во холандскиот град Урку, запален бил од страна на група од неколку десетици млади луѓе затоа што во саботата бил воведен полициски час во земјата, од 9 до 4:30 часот наутро, пишува politico. eu.

Локалните медиуми објавија дека група млади луѓе, во градот лоциран на околу 80 километри северо-источно од Амстердам, се собрале во пристаништето, веднаш по почетокот на полицискиот час во саботата, и го запалиле блискиот тест-центар за тестирање на ковид-19.

Локалните власти го осудија палењето на центарот за тестирање како „неприфатливо“ однесување и „шлаканица во лице“ на здравствените работници. Во холандскиот град Штајн, група од околу 100 луѓе одбија да се придржуваат до полицискиот час и со со пиротехника ги нападнаа полицајците .

You may also like