(Видео) Чад од Британскиот парламент во Лондон

by Administrator

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како се крева чад или пареа од зградата на парламентот во Вестминстер, додека во позадината ѕвони аларм. Пожарникарите сè уште не потврдија дека зградата е во опасност. Видеото објавено на Твитер, покажува густ бел чад кој се крева од зградата на парламентот во Лондон. А во позадина се слуша еден вид на аларм.

Лондонската противпожарна единица не објави вонредна состојба, а коментаторите на Твитер тврдат дека на видеото се гледа како од зградата се крева пареа, а не чад.

Извори во парламентот за „Дејли експрес“ изјавиле дека станува збор за „само пареа“, но тие не објасниле зошто се вклучил алармот, пренесува Спутник. Пред помалку од еден месец, пожарникарите беа повикани во Вестминстер откако од Парламентот се крена чад. Лондонската противпожарна единица го обвини „генераторот што се вклучи“ за инцидентот, додека Парламентот објави дека „чадот“ се гледа од покривот на парната зграда, што е видливо во студено време.

You may also like