Страшни последици од карантин: Голем пораст на депресија и осаменост за време на пандемија

by Administrator

Белгиска студија за среќа покажува ненадејно зголемување на осаменоста и депресијата предизвикана од пандемијата ковид-19, што е особено изразено за време на вториот бран. Во истражувањето спроведено во декември 2020 година, Белгијците забележаа пад на „задоволството од животот“, дури и во однос на првиот бран на пандемијата во текот на пролетта минатата година.

Триесет проценти од нив изјавиле дека се чувствуваат среќни, а само 17 проценти рекле дека чувствуваат „вистинска радост“, пад од 40 и 23 проценти, соодветно, од првиот бран на пандемијата и почетокот на затворањето на Белгија. Дури 73 проценти од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат умерено до многу осамено, во споредба со 65 проценти за време на првиот бран. Кај младите, на возраст од 18 до 34 години, тој процент бил уште поголем и достигнал 78 проценти.

Една белгиска студија исто така наведува дека лицето кое се чувствува осамено има 48 проценти поголеми шанси да биде несреќно во време на криза. Според проценките на Светската здравствена организација, кои датираат уште од пред пандемијата, во ЕУ секој четврти жител страда од депресија или анксиозност.

Депресијата е главната причина за болеста (50 проценти) во ЕУ, додека годишните трошоци за нарушувања на расположението и вознемиреноста во ЕУ изнесуваат околу 170 милијарди евра годишно, според СЗО.

24sata

You may also like