Хирурзите од ГОБ „8-ми Септември“ ќе протестираат во понеделник

by Administrator

Хирурзите од болницата „8 Септември“ во Скопје најавија дека во понеделник нивните инструменти ќе останат во фиоките, затоа што ќе излезат на протест, незадоволни од условите за работа и поради тоа што пациентите не можат да добијат брз термин. Разбирливо е дека капацитетите се стеснети поради пандемијата со ковид-19, но условите во операционите сали не се добри, велат хирурзите во писмото испратено до директорот на болницата, здравствените власти и Владата. Операции ќе се вршат само врз пациенти чии животи се во опасност.

„Во болницата не работиме во полн капацитет, туку само во две операциони сали. Јасно е дека поради ситуацијата создадена со пандемијата, капацитетите ќе се намалат, но оваа сегашна состојба е под секое реално ниво поради што пациентите кои не се во животно загрозувачка положба, не можат да добијат термин за хируршка интервенција“, велат од хируршкиот колектив на болницата.

Тие бараат да се озбезбедат услови кои што ќе можат да пружат здравствена заштита на пациентите.

Од понеделник само пациентите кои се во животна опасност ќе можат да бидат примени за операција.

MKD

You may also like