„Феникс“ – истрага која го врати од заборав „Скопје 2014“

by Administrator

Во истрагата на обвинителството „Феникс“ опфатени се 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои еден италијански државјанин и три италијански компании. Сите се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење на пари за изработка на најголемите споменици од „Скопје 2014“.

Воинот на коњ, спомениците на Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Методија Андонов – Ченто, Цар Самоил, Гемиџиите, Цар Јустинијан, прво заседание на АСНОМ и споменик за основачите на ВМРО и лавовите.

Ова се вкупно 11-те споменици опфатени во истрагата „Феникс“ на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Истрагата ја води обвинителот Љубомир Лапе, за кој рече дека е сложен предмет кој го работел подолг временски период.

Повеќе на РСЕ

You may also like