36
Утре изутрина во 05 часот престанува да важи одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а министерот за здравство Венко Филипче на ја исклучува можноста за воведување дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати во менаџирањето на здравствената криза предизвикана од коронавирусот.
Нова проценка за воведување рестриктивни мерки кои би значеле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти, како што веќе беше најавено ќе се прави утре, а Комисијата за заразни болести и министерот Филипче сметаат дека на почетокот на неделава ќе имаме резултати од полицискиот час што беше воведен пред 11 дена.
