Турската заедница во Македонија не ги признава резултатите од пописот

by Administrator

Направени се сериозни пропусти во просецот на попишување, прекршени се Уставот и бројни прописи, а многу граѓани не се попишани, истакнаа од Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Македонија, кое не ги признава и не ги прифаќа објавените бројки и проценти за Турците во пописот, оценувајќи ги истите како нерелани.

Посочуваат дека пред пописот укажале на несоодветната методологијата и  недостатоци во процесот, као и на технички проблеми со софтверот и неинформираност на населението, но и на недостаток на попиушувачи Турци, за што биле информирани надлежните институции во земјава и странство инволвирани во пописот.

Можно е да е слика од 3 луѓе, седнати луѓе и луѓе што стојат

Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Македонија, кое е составено од претставници на турски невладини организации, политички субјекти од турската заедница, истакнати турски интелектуалци, универзитетски професори и други влијателни личности од турската заедница во земјава, најави дека ќе ги искористи сите законски инструменти и демокрстски права во врска со штотуку завршениот Попис кој оваа заедница го оспорува.

You may also like