Техничкиот премиер Спасовски побарал разрешување на Мизрахи

by Administrator
Техничкиот премиер Оливбер Спасовски достави предлог до Собранието со кој од пратениците бара разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, потврдуваат извори од Владата.
„Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерклата Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатлантската инина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи“, велат од Владата.   
Барањето за разрешување следува откако министерката Мизрахи неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“. Став на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Мибнистерството при преземање на функцијата и оти пред неа и поранешната министерка, Мила Царовска, во минатото, одржувала средби и прес-конференции.   
Според Уставот, за предлогот за разрешување на член на Владата одлучува Собранието на првата наредна седница. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претходно, му сугерираше на техничкиот премиер, Оливер Спасовски да предложи разрешување на Мизрахи до Собранието.
Мизрахи вчера кажа дека нема намера да ја менува таблата со името Република Македонија, па дури и по цена да плати казна од 5.000 евра.

You may also like