Тетово: Продолжуваат протестите против покачувањето на цената на електричната енергија

by Administrator

Стотици граѓани на Тетово денеска протестираа со цел да го изразат нивниот револт против покачувањето на цената на електричната енергија во Северна Македонија, кое беше најавено дека од септември ќе се зголеми за 7,4 отсто, јавува Агенција Анадолија (АА).

Image may contain: one or more people, crowd and outdoor

Во Тетово секој петок од почетокот на август се организираат протести во различни форми против зголемувањето на цената на електричната енергија, како протестни маршови, блокирање на главните улици на градот, како и на автопатот, а организаторите велат дека ќе продолжат со протестите сѐ додека не се прифатат нивните барања.

Image may contain: 9 people, crowd and outdoor

Овој петок протестот започна на плоштадот „Илирида“, по кој се маршираше кон канцелариите на ЕВН, а потоа демонстрантите повторно се вратија на плоштадот каде што организаторите ги упатија нивните пораки против зголемувањето на цената на електричната енергија.

Потсетуваме, Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија соопшти дека цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата од септември ќе се зголеми за 7,42 отсто, додека граѓаните ќе можат да ја употребуваат евтината тарифа во истиот период како и претходно.

Протестите се одржаа во некои поголеми градови во земјата, вклучувајќи го и главниот град Скопје.

Anadolu

You may also like