Home МакедонијаТаравари: Додека вие славите Нова година, тие изгласаа амнестија, ги покачија платите на вицепремиерите

Таравари: Додека вие славите Нова година, тие изгласаа амнестија, ги покачија платите на вицепремиерите

by Administrator
0 comments

Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари направи своевиден осврт на годината што изминува. Тој не остана должен да упати критики кон актуелната власт, набројувајќи неколку работи кои владејачката гарнитура ги направила во изминатите 365 дена.

„Додека вие славите Нова година, ТИЕ:

1. Изгласаа амнестија за 27 април
2. Изгласаа измени на кривичниот закон со кој се намалуваат казните или се ослободуваат функционери обвинети од СЈО
3. Изгласаа закон со кој директорите на јавните претпријатија си добиваат заменици директори
4. Повисоки плати за вицепремиерите“, напиша Таравари на својот профил на Фејсбук.

Извор:fokus.mk

You may also like