СПМ: Се врши обид за згаснување на Синдикатот

by Administrator

Синдикатот на полицијата во Македонија денеска обвини дека во Министерството за внатрешни работи било донесено незаконско известување со кое се забранува запирање на синдикална членарина за членовите на Синдикат и оти со тоа, како што велат, се прави обид за негово згаснување.Од Синдикатот прашуваат зошто и од кои причини е укината членарината на СПМ и дали тоа не значи вовед во тоталитарен режим на владеење.

Според Синдикатот, полицијата е образот на една држава, а за да се врати достоинството, МВР треба да отпочне процес во кој полициските службеници кои професионално си ја вршат задачата ќе бидат третирани како професионалци. Време е, наведуваат од СПМ, политичките влијанија во МВР да сопрат, време е секој во МВР да си го пронајде своето место, таму каде што заслужува.

СПМ денеска ги повика сите надлежни институции во земјава да преземат мерки и, како што велат, да се исправи неправда која е извршена со цел згаснување на синдикалното движење во државата.

TV21

You may also like