Протест пред ОЈО за висококатниците кај Холидеј Ин – „Што ќе ни се згради кога нема воздух?!“

by Administrator

„Што ќе ни се згради кога нема воздух?!“, „Чист воздух од бетон не бива“.

Вакви пораки се испратија денеска на протестот организиран од „Зелен хуман град“ пред Основното јавно обвинителство.

Демонстрантите протестираат против градбата на висококатниците кои треба да никнат на паркингот спроти „Холидеј ин“.

„Она што почнува да се гради спроти „Холидеј Ин“ според ДКСК е нелегално, постои сомнеж за злоупотреба на службената положба, постои сомнеж за корупција. Никој не знае како Министерството за транспорт и врски во 2018 година продало над 9.000 квадратни метри државно земјиште, во време кога ДУП-от не се спроведува за таа парцела и ние ги бараме тие одговори и од Министерството и од Државниот Инспекторат за градежништво и урбанизам во склоп на тоа министерство“, посочи демонстрант.

Тие бараат Основното јавно обвинителство да постапи по иницијативата која е поднесена од Државната комисија за спречување на корупција бидејќи, како што велат, од месец мај годинава, до сега тие немаат никакво известување до јавноста.

Во продолжение целата изјава:

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=anDWyPBCxNM[/embedyt]

You may also like