Силјановска: „Ако православните беа затворени за Велигден, не значи дека и муслиманите треба да бидат во куќен притвор за Бајрам“

by Administrator

Во објавата на Фејсбук вели дека одлуката за воведување на полициски час за време на Рамазан Бајрам не смее да се базира на т.н. „верска еднаквост“.

Професорката и поранешена кандидатка за претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, прашува дали ќе има полициски час викендов.

Во објавата на Фејсбук вели дека одлуката за воведување на полициски час за време на Рамазан Бајрам не смее да се базира на т.н. „верска еднаквост“.

„Ако православните верници беа затворени за време на Велигден, тоа не значи дека и муслиманите, заради „ рамноправност“, треба да бидат во куќен притвор за Рамазан Бајрам. Дали треба или не да има полициски час, единствено зависи од фактичката ситуација и мерката треба да биде пропорционална на реалната закана“, напиша Силјановска во објавата.

 

You may also like