Се бара отворање на хотелите и организирање свадби

by Administrator

Туристичките работници денска на состанок со министерот за економија Кершник Бектеши побарале протоколи за работа на хотелите, отворање на камповите, плажите, рестораните за свадби и игротеките.

Претставниците од туристичко-угостителскиот сектор потенцираа дека во моментов е неопходно да се донесат протоколи за работа на хотелите, за што Министерството за економија ќе ги достави препораките од Европската комисија до Комисијата за заразни болести за нивно носење.

Бектеши им порача дека мерките кои Министерството за економија и Владата ги има донесено за помош на најпогодените сектори ќе продолжат да се реализираат се додека трае кризата.

R.S.E.

You may also like