Самсоненко купи 5.000 акции на ЗК Пелагонија во Жито Полог

by Administrator

Акционерот Сергеј Самсоненко се стекна со 5.000 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог АД Тетово и сега поседува вкупно 8.650 обични акции со право на глас во тетовската компанија. Тој сега поседува 15,45 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото.

Информацијата ја објави Жито Полог преку Македонска берза.

Како што е информирано  истовремено ЗК Пелагонија АД – Битола  како акционер во тетовската компанија продаде 5000 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог АД Тетово и сега поседува вкупно 5047 обични акции со право на глас во Жито Полог. Тоа претставува 9,01 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото.

Netpress

You may also like