Путин: „Пренесувам зборови на искрено сочувство и поддршка на роднините и пријателите на загинатите“

by Administrator

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски за загинатите граѓани на оваа земја во сообраќајна несреќа на бугарска територија, јави ТАСС.

„Прифатете го моето најдлабоко сочувство во врска со смртта на граѓаните на вашата земја, вклучително и деца и младинци, предизвикана од сообраќајна несреќа во Бугарија“, се вели во текстот на телеграмата, објавена денеска на веб-страницата на Кремљ.

Путин вели дека пренесува „зборови на искрено сочувство и поддршка на роднините и пријателите на жртвите, како и желби за брзо закрепнување на сите жртви“.

Nova Tv

You may also like