Приведен вевчанецот кој упати смртни закани кон Заев и Пендаровски

by Administrator

Полицијата го привела лицето кое на социјалните мрежи постави видео со смртни закани за премиерот Зоран Заев и за претседателот Стево Пендаровски, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Лицето, кое во видеото упатува смртни закани со бесење за премиерот и претседателот на државата, во видеото се претставува како „Попоски“.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, на 04.01.2020 полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Г.П.(45) од Вевчани“, се наведува во соопштението од МВР.

Полицијата при претрес во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронашла и одзела лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, велат од МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

You may also like