Православните верници го слават Велигден

by Administrator

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден.

Доаѓањето на овој празник беше најавено на полноќ  во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Поради актуелната пандемија на Ковид-19 и воведениот 85-часовен полициски час во државата, годинава велигденските богослужби се без присуство на верници во храмовите. Македонската православна црква – Охридска Ариепископија (МПЦ-ОА) уште пред празникот соопшти дека литургискиот богослужбен живот нема да биде прекинат затоа што тоа е идентитет и суштина на нејзиното постоење, но ќе се прилагоди на новонастанатите услови и ќе ги почитува донесените мерки за заштита.

Верниците празникот го дочекаа во нивните домови. Многу од нив излегоа на терасите и дворовите да запалат свеќа.

You may also like