Полицијата уапси двајца вработени во Железници под сомнение дека копале криптовалути

by Administrator

Постапувајќи по пријава примена во текот на вчерашниот ден  во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени во Железници, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата, информираат од МВР.

Инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром ги лишиле од слобода М.У.(63) и Д.П.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Nova Tv

You may also like