Пензија на 67 години – спас за ПИОМ или удар за работниците?

by Administrator

Може ли пензискиот систем да се спаси од крах со зголемување на старосната граница за пензионирање? Фискалниот совет предлага таква мерка, велејќи секоја година бројот на пензионери е поголем за најмалку 1.500 нови, а иселувањето на младите ги намалува приходите во Пензискиот фонд. Синдикатите се жестоко против.

Одржувањето на Пензискиот фонд на Северна Македонија е под ризик поради трендовите на стареење на населението и емиграцијата на младите, поради што е потребно зголемување на старосната граница за пензионирање. До овој заклучок дојде Фискалниот совет – независно државно тело формирано од Собранието што изработува анализи за фискалните претпоставки и фискалната стратегија.

Се предлага од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години за мажи и за жени.

„Доколку не се преземат итни мерки, пензискиот систем може да стане неодржлив, што ќе доведе до дополнителни фискални ризици“, предупредуваат од Советот.

Засега овој предлог за следната 2025 година не е усвоен во Собранието, а Владата наведе дека во моментов не размислува за зголемување на старосната граница и дека прават се за да ја стабилизираат состојбата во Пензискиот фонд.

Повеќе на РСЕПензионери (илустрација)

You may also like