Општина Чаир: Изведувачот немал дозвола за градилиштето на кое загинаа двајца работници

by Administrator

Инспекторите од Општина Чаир утврдиле дека изведувачот немал дозвола за градежните работи кај поликлиниката во Чаир, каде што утрово загинаа двајца работници, а еден беше повреден. Несреќата се случила откако врз тројцата работници се одронила земја и ги затрупала.

Според изготвениот записник од страна на инспекторите на терен, започнатите работи за вклучување во подземната инфраструктура немале дозвола за нивно спроведување и истите се започнати во текот на денешниот неработен ден,  сабота“, велат од Општина Чаир.

Општината изрази сочувство до семејството на настраданите. Загинатите лица се на 26 и 28 годишна возраст, а повреденото лице има 54 години и пренесено е во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

МВР за настанот ги извести Јавното обвинителство и Државниот инспекторат за труд.

You may also like