Поради сложени процедури, на јавна дебата се ставени нови измени на Законот за странци, но тие ќе носат олеснувања за вработување странски работници главно за стратешките партнери на државата, како компанијата Бехтел и Енка. Тоа не ја решава кризата со целосниот недостиг на работна сила
Без јасна државна стратегија за интеграција на странска работна сила како што велат од агенциите кои посредуваат во вработување, странците кои сакаат да работат во Северна Македонија, но и домашните работодавци, се соочуваат со сложени процедури и долг процес за добивање работни дозволи, додека во исто време земјата се соочува со недостиг на работници поради засилената емиграција.
Во моментов на јавна дебата се ставени предлог измени на Законот за странци кои предвидуваат поедноставување на процедурите главно за потребите на стратешки партнери на земјата, како што е компанијата Бехтел и Енка која нема доволно работници за изградба на авотапатите од коридорите 8 и 10Д. Но, од агенциите за РСЕ велат дека овие измени не се доволни за генерално решавање на проблемот со недостиг на работна сила.
Зоран Кочовски, сопственик на „Коузон“, агенција што посредува за работа во странство вели дека и покрај предложените измени целиот процес и натаму е на многу ниско ниво, посочувајќи дека вака предложените измени не се координирани со потребите на индустријата и стопанството.
„Се уште државата го игнорира фактот дека треба да се постави еден закон кој ќе биде надвор од полицискиот режим кои го има поставено државата и кој ќе биде само за интеграција на странска работна сила. Законот за престој на странци во Македонија е полициски закон. Треба да се донесено конкретно нов закон кој ќе биде покренат од страна на Министерството за труд и социјална политика и ќе го тангира исклучиво секторот за вработување“, вели Кочовски.
Повеќе на РСЕ
