Од денеска почнува исплатата на августовските пензии

by Administrator

Августовските пензии ќе бидат на располагање преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денеска 31 август, информираат од ПИОМ. За лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19.

Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во четири групи.

За пензиите со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши денеска  (31.08.2021), за пензии во висина од 11 001-14000 ден, исплатата ќе биде на 1.09.2021г. (среда). Пензиите во висина од 14 001-18 000 ден ќе бидат  исплатени на 2.09.2021г. (четврток) и  пензиите во висина над 18 001 ден ќе се исплатат во петок на (3.09.2021), информираат од ПИОМ.

Nova Tv

You may also like