Одбележан Меѓународниот ден на Бошњаците

by Administrator

Како и секоја година, така и оваа, во зградата на Македонската филхармонија во организација на Бошњачкиот национален совет (БНС) во Северна Македонија се одржа свечена академија со која беше одбележан Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 Септември.

На свеченоста присуствуваа  бројни личности од општествениот, политичкиот и културниот живот од земјата и од регионот, како и бројни граѓани од различна етничка припадност.

Меѓу присутните на вечерашната свечена академија беа потпретседателот на Владата на Северна Македонија и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, Расим Љајик, потпретседател на Владата на Србија, Рамиз Салкиќ, потпретседател на Република Српска (РС), ентитетот во Босна и Херцеговина, Неџад Мехмедовиќ, заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците во Северна Македонија, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, пратеници, како и претставници на дипломатскиот кор и претставници на граѓански организации во земјата.

Во своето обраќање пред присутните Спасовски рече дека му претставува чест и задоволство што да присуствува на настанот и во име на Владата го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

По тој повод, упатувајќи честитки  до припаднците на Бошњачката заедница во државава Спасовски истакна дека покрај љубовта и лојалноста кон татковината тука кај нас сите ги поврзуваат и меѓусебната блискост изразена по однос на традиционалните културните и другите вредности што ги споделуваме. – Наша примар цел како држава и општество и натаму останува грижата и надградувањата на начелата и вредностите за еднаковост на сите граѓани за нивно целосно општествено интегрирање независно од етничката или верската припадност, за зачувување на културната односно идентитетска различност како посебен квалитет на нашето опшетсво. Притоа, водејќи сметка тоа да остане еден од темелните принципи за во натамаошната демократизација и развој на држвата, истакна Спасовски.

Претседателот на Бошњачкиот национален совет на Северна Македонија, Џевад Хот, истакна во своето излагање дека заедно со останатите институции и организации и понатаму ќе бидат бедем на заштита на нивниот јазик, вера, култура и историја. –  Исто така ќе бидеме препознаени од власта  како партнери во примена на законите и права коишто ги гарантира  држвата во која живееме и дека со тие постапки ќе бидеме пример во регионот, наведе Хот.

По повод денот на Бошњаците до сите припадниците на оваа етничка заедница честитки упатија претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Според Законот за празници на Северна Македонија, 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во државава.

You may also like