Непозната црна течност излеана во Охридското езеро

by Administrator

Во текот на вчерашниот ден, граѓани на Охрид забележале дека е излеана непозната течност во водите на Охридското Езеро, поточно на охридскиот кеј на потегот од хотел Милениум до хотел Ројал, објави порталот ТВМ.

Како што велат од порталот, по пријава на граѓани, екологистите на „Грашница“ излегле на лице место и ја констатирале посочената состојба.

По преземената интервенција од страна на ЕД „Грашница“, во најскоро време се очекува расветлување на еколошкиот инцидент.


„Sloboden pecat“

You may also like