Нема реакции иако, ЕПП ја заведе ВМРО-ДПМНЕ како партијата под Република Северна Македонија

by Administrator

ВМРО ДПМНЕ пред неколку дена на официјалната страница на семејството на Европските народни партии веќе се води под новото официјално име на нашата држава Република Северна Македонија.

Отсега оваа партија на заедничките средби или на конгресите на ЕПП ќе настапува под ова име, кое влезе во сила во сите меѓународни односи по испраќањето на писмото од нашата Влада до земјите во светот и до Обединетите нации со кое побара да ни се обраќаат со името Република Северна Македонија или само со Северна Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ, изминатите месеци најавуваше дека ќе се бори и како членка на ЕПП, и ако дојде на власт, да го промени договорот со Грција, а со тоа да го врати назад името Република Македонија.

Исто така, лидерот на ВМРО ДПМНЕ на сите јавни настапи сѐ уште кажува дека не го признава Договорот од Преспа, дека е штетен за Македонија и дека борбата за уставното име не е завршена.

Со истата политичка порака и реторика настапува нивниот претседателски кандидат, Гордана Силјановска Давкова.

Таа при вечерашната посета на Радовиш на граѓаните им вети дека никогаш нема да го користи новото име уставно име Република Северна Македонија.

-Бидејќи државата сега тие ја нарекуваат Северна Македонија, ние никогаш тоа име нема да го употребиме барем јас, држете ме за збор,-рече Силјановска.

You may also like