Неколку новинари ја напуштаат професијата и преминуваат во портпаролските води

by Administrator

Неколку новинарски имиња по формирањето на новата влада ја напуштија професијата и преминаа во портпаролските води.

Кети Гетева, новинарка и уредничка од Алфа ТВ, од денеска е ангажирана во Министерството за здравство, како одговорна на Секторот за односи со јавноста, но таа нема да дава изјави за медиумите.

Кети Гетева од денеска е одговорна на Секторот за односи со јавноста во Министерството за здравство.„Јас ќе бидам одговорна на овој Сектор, но останува праксата министерот, директорите на клиниките, на центрите за јавно здравје и останатите здравствени установи да ги даваат изјавите за медиумите“, изјави Гетева за „360 степени“.

За нејзиниот ангажман, стигна потврда и од Министерството за здравство.

Вчера од Владата стигна информација за ангажман на уште еден новинар и уредник. Александар Видиновски од Канал 5 ТВ премина во Министерството за правда, на работно место портпарол и посебен советник за односи со јавноста на министерот Бојан Маричиќ.

Александар Видиновски

Видиновски е дипломиран комуниколог, новинар со повеќегодишно искуство во неколку национални медиуми, а работел како репортер, уредник на вести и водител на политички емисии.

Во Министерството за внатрешни работи (МВР), пак, се вработи Гоце Андреевски, кој на јавноста ѝ е познат како водител и новинар од Телма ТВ. Во последната недела тој неколку пати се појави со изјави пред логото на МВР.

Прес-конференција на Гоце Андреевски во МВР

На официјалната веб-страница на Министерството, името и фотографијата на Андреески се под функцијата „главен советник во Сектор за односи со јавност“.

NovaTV

You may also like