„Набуко“ од Верди за затоплување на односите меѓу Скопје и Софија

by Administrator

Посетата на Сиљановска-Давкова на Софија е дел од културна дипломатија преку која може да се затоплат заладените односи со Бугарија, сметаат дипломатите, и да се создаде атмосфера во која би се отвориле и чувствителни прашања. Официјална потврда за средба на двата претседатели, стигна и од нивните кабинети. Во меѓувреме владата во Скопје прави обиди да ја убеди ЕУ за уставни измени со одложено дејство.

Борбата на Израелците против Набуко, кралот на Вавилон, која завршува со негово преобраќање и обединување на Израелците и Вавилонците ќе ги „обедини“ и претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Гордана Сиљановска-Давкова и Румен Радев.

Гостувањето на Националната опера и балет со „Набуко“ од Џузепе Верди во Софија в петок, 13 септември, ќе ја однесе и претседателката Сиљановска-Давкова во бугарската престолнина што ќе биде искористено и за нејзината прва средба со Радев по стапувањето на функцијата во мај годинава.

Потврда за средбата, на 12 септември, испратија од кабинетите и на Сиљановска-Давнова и на Радев.

Последната официјална средба на претседатели на двете држави се одржа во октомври 2022 во Софија, каде Радев се сретна со тогашниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Сегашната посета на Сиљановска-Давкова, нема да донесе чудо, само е дел од таканаречената културна дипломатија која, според дел од дипломатите, ќе донесе затоплување на заладените односи меѓу двете држави.

„Тоа е една добра форма за затоплување на односите и создавање една подобра атмосфера во политичката комуникација и секако дека како нова претседателка на Македонија, Сиљановска-Давкова има сопствена иницијатива за подобрување на нашите билатерални односи што е во рамките на нејзините надлежности“, вели за Радио Слободна Европа, поранешниот вицепремиер за европски прашања и ексамбасадор во САД, Васко Наумовски.

Повеќе на РСЕ

You may also like