Муслиу: „Нема назад, ДУИ нема аргументи“

by Administrator

(Дубаи – Портал) – Новоназначениот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиуза ТВ21 изјави дека не ја разбира целта и загриженоста на ДУИ во врска со неговото назначување на чело на Агенцијата. Тој негира негова вмешаност во настаните од Куманово, дури додава дека бил заобиколен од процесот за овој случај

ТВ21: Дали сте биле вмешан во некоја од работите кои се спомнуваат, во случајот со Куманово, или во последно време се спомнува и случајот со ИВЗ?

Е.М.: Во врска со настаните кои ги спомнавте за Куманово, Еролд Муслиу нема никаква поврзаност со настаните од Куманово, без разлика што бев шеф на операциите во Агенцијата за разузнавање, јас не бев вклучен. Не знам која беше целта на тогашниот директор да ме заобиколи во процесот на собирање на информации, грешка во постапките е и оваа работа наскоро ќе се разјасни.

Муслиу негира и дека бил вмешан во последните настани во ИВЗ, велејќи дека тој е дел од Агенцијата која прибира информации за опасности кои доаѓаат од надвор а не за внатрешни прашања.

Муслиу е назначен од Претседателот Пендаровски и е прв Албанец на позиција Директор на Агенцијата за разузнавање. Меѓутоа ова назначување ја вознемири ДУИ, партија која го поддржа Пендаровски како консензуален  кандидат за претседател.

Од ДУИ денеска никој не сакаше да зборува подетално во врска со загриженоста за која вчера зборуваше портпаролот на партијата, Бујар Османи.

„ДУИ смета дека без целосно расчистување на настаните од Куманово, никој кој бил дел од службата на Иванов не треба да биде на чело на чувствителни институции“, изјави Бујар Османи – портпарол на ДУИ.

Османи побара од претседателот Пендаровски да прибави повеќе информации за Муслиу и да ја коригира одлуката. ТВ21 упати прашање до кабинетот на претседателот дали по барањето на ДУИ, Пендаровски ќе ја разгледа повторно и ќе ја повлече одлуката за назначување на Муслиу.

Од Вила Водно наместо да одговорат на овие прашања, ни го препратија вчерашниот одговор, во кој се вели дека Еролд Муслиу е избран за оваа функција бидејќи е професионалец и неговото назначување е оценето како позитивно од службите на државите сојузници.

Самиот Муслиу не верува дека Пендаровски ќе ја повлече неговата одлука.

ЕРОЛД МУСЛИУ, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

ТВ21: Не верувате дека ќе има враќање назад?

Е.М.: Не верувам бидејќи нема аргументи, затоа ви велам, овде нема проблем. Не знам зошто г. Бујар Османи искажа ваков став, тој е вицепремиер во Владата, не знам зошто е загрижен, не даде никакво објаснување, но подготвен сум, може да разговараме и за таа работа.

Освен сомнежите за вмешаност во настаните во Диво Насеље, пред 8 години во времето кога во Македонија се вршеше процесот на лустрација, ДУИ го обвини Муслиу и за фалсификување досиеја, затоа и побараа истиот да не биде избран од страна на екс претседателот Иванов за да биде на чело на Агенцијата за разузнавање.

Mahir Demişoski

You may also like