ВМРО-ДПМНЕ на денешната конвенција избра иден претседател на Република Македонија, а државата доби мајка на нацијата во следните 5 години, рече лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски откако делегатите со убедливо мнозинство ја избраа Гордана Силјановска за кандидат за претседател.
-Ние сме задоволни од се она што се случуваше во изминатиот период, од демократската процедура внатре во партијата. Сите кандидати што се пријавија имаа можност да ја презентираат својата визија за иднината на РМ. Конвенцијата и делегатите со апсолутно мноизнство го избраа кандидатот што според нивното мислење остави најдобар впечаток – рече Мицкоски.
Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата на претстојните изборите закажани за 21 април.
Силјановска е избрана попладнево на партиската конвенција со вкупно 408 гласови. Со тоа, ја освои номинацијата уште во првиот круг.
На конвенцијата присуствуваа 553 делегати, а гласаа 519.
Силјановска беше еден од деветте кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата покрај Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовски, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков.
По изборот, им заблагодари на делегатите за довербата. Рече дека многу добила од Макеоднија и дека е време да и врати за тоа.
-Мене ми е јасно дека не може да се оди на избори, а камоли да се победи ако зад вас не застане силна партија, а исто така, некој кој добил доверба од силна партија има обврска постојано да се држи до она што е најважно, односно владеењето на правото не води само во ЕУ, рече Силјановска Давкова во обраќањето по гласањето, негирајќи ги обвинувањата дека е националист.
-Не не сум националист, јас сум за владеење на правото. Законите треба да бидат во рамките на Уставот за да бидат добри. Родена сум во Охрид, во турска куќа, а од 10 години мојот брат има побратим Албанец. Може ли некој кој расте во таква средина да биде националист?, рече професорката.
Потсети на деветте позитивни извештаи од ЕК. – Советот велеше дека проблемот е во името, е па сега нека размислат. Тие се на ред да и пружат рака на Република Македонија бидјеќи од секогаш сме биле дел од Европа, посочи Силјановска.
Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ почна напладне, со обраќање на лидерот Христијан Мицкоски, по што следеа 15-минутини обраќања на претседателските кандидати во кои тие ги образложија и претставија своите визии и програми
